(Видео) Переира нов шампион во УФЦ откако со пресврт го реши Адесања

Бразилскиот ММА борец Алекс Переира е нов шампион во УФЦ во средна категорија, откако во спектакуларен меч во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк со нокаут го победи досегашниот владетел во оваа категорија, Исраел Адесања. Нигериецот Адесања ја прекина победничката серија од 12 натпревари и ја загуби титулата во средна категорија, до 84 кг.

Поранешниот првак ја контролираше борбата во првата, третата и четвртата рунда, но сепак Переира во петтата рунда успеа да го притисне противникот и со неколку одлични удари да го совлада со технички нокаут на три минути пред крајот.

Треба да знаете
Последни објави