Според новинарските извештаи од калчолигашниот фудбалски натпреавр Наполи – Удинеза (3:2) македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од двајцата најдобро оценетите играчи на овој натпревар. За прикажаната игра Елмас и неговиот соиграч Виктор Осимен се оценети со оценка осум. Елмас по четири месеци во последните десет дена одигра два цели натпревари за Наполи. Македонскиот репрезентативец најпрво постигна гол во победата од 2:1 на гости кај Аталанта, а синоќа против Удинезе, Елмас прво му асистираше за голот на Осимен, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелци. -Видов дека Ангуиса тргна во напад и знаев дека ако истрчам напред, ќе ми ја подаде топката. Мило ми е што успеав да дадам гол. Веднаш се стрчав кон навивачите затоа што тоа многу ми значи, а знам дека им значи и нив, рече Елмас по победата над Удинезе.