Несторовски: Знам дека сум четврти напаѓач во Удинезе, ама секогаш сум подготвен

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски во вистинско време ппокажа дека не заборавил да постигнува голови. По скоро шест месечен пост Несторовски го даде првиот калчолигашки гол за Удинезе, на синоќешниот дуел од Серија А со Наполи за кој меѓу стрелците се запиша и неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас, во меч кој гостите од Удине го загубија (2:3).

Наестор-гол се враќа во националниот тим по речиси 20 месеци. Несторовски нема настап за Македонија уште од март (28 март) 2021 година во мечот со Лихтенштајн и селекторот Благоја Милевски реши да го викне за претстојните контролни натпревари со Финска в четврток (18 часот) и Азербејџан (20 ноември).

-Среќен сум што дадов гол, ама не сум среќен од резултатот. Напорно работам на секој тренинг, тој менталитет го имам од дете и знам дека сум четврти напаѓач во хиерархијата во клубот, ама без оглед на тоа секогаш сум подготвен за Удинезе. Секогаш работам напорно за да напредувам, рече Несторовски.

Треба да знаете
Последни објави