Рома во 94 минута избегна пораз од Торино, Мурињо доби црвен картон

Фудбалерите на Рома беа на прагот на неочекуван пораз од Торино во натпреварот од 15. коло на италијанската Серија А, но се спасија со гол во 94. минута.

Гостите поведоа во 55. минута со голот на Карол Линети. „Волчицата“ тешко доаѓаше до израмнување, а нејзиниот тренер Жозе Мурињо беше исклучен во 89 минута поради неспортско однесување.

Две минути подоцна Рома доби пенал, но поранешниот гостински играч Андреа Белоти не беше прецизен. Но, српскиот интернационалец Немања Матиќ по две минути погоди за 1:1 и спаси бод за клубот од Рим.

И тогаш Мурињо повторно беснееше по своите играчи на конференцијата по натпреварот. Но затоа призна дека заслужил да добие црвен картон поради се што му кажа на судијата.

„Тоа беше вистинска одлука, за зборовите што му ги кажав на судијата, заслужив црвен картон“, изјави Мурињо по натпреварот.

„Разговарав со него по натпреварот и тој се извини, но не сакам да зборувам за тоа како ја заврши својата работа. Бев доволно скромен да се извинам, но ќе оставам на вас да судите како судеше и на кој начин влијаеше на исходот на натпреварот. Не сакам ни да го повторам тоа што му го кажав, тоа останува приватно. Заслужив црвен картон“, додаде Португалецот.

Во останатите натпревари Монца ја победи Салернитана со 3:0, додека Специја како гостин ја победи Верона со 1:2.

Треба да знаете
Последни објави