Американскиот тенисер Тејлор Фриц како замена за Карлос Алкараз влезе на завршниот мастерс во Торино, но тоа не го спречи на стартот да направи огромно изненадување ептен лесно совладувајќи го Рафаел Надал (7-6, 6-1).
Неизвесно беше само во првиот сет кој беше решен во тај-брејк. Претходно немаше брејкови, а Фриц пропушти три можности да му одземе сервис на Надал. Сепак, во решавачката игра Американецот сосема заслужено поведе.
Првиот брејк во мечот се случи во четвртиот гем од вториот сет, Фриц ја искористи четвртата брејк шанса и поведе со 3:1. Пресвртните моменти на натпреварот беа при следниот сервис гем на Надал. Шпанецот сервираше за да ја намали разликата, но потклекна по маратон, откако спаси четири брејк топки, но не успеа да го стори истото по петти пат.
Фриц дојде до недостижно водство од 5:1 и во следниот гем само ја заврши работата.
Ова беше втор меч од првото коло од зелената група од групната фаза, откако претходно Каспер Руд го изненади Огер-Алиасим исто така со 2-0 во сетови.
Ова е трет последовен пораз на Надал и сите ги претрпе од тенисери од Соединетите Американски Држави. Претходните два му ги нанесоа Френсис Тијафо, Томи Пол, а вечерва загуби и од Фриц Тејлор.
Второто коло е закажано за вторник, а двојките се Тејлор Фриц – Феликс Ожие-Алијасим и Рафаел Надал – Каспер Руд.