Најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ доби можност за меч на кариерата откако беше обелоденето дека ќе се бори против Украинецот Олександр Усик за титулата шампион на ИБФ во тешка категорија.
Имено, ИБФ нареди следниот предизвикувач на светскиот шампион Усик да биде Филип, а тоа го потврдија и промотерите браќата Зауерланд и Еди Херн на својот Твитер профил. Не се знае кога треба да се оддржи натпреварот, но официјално е дека Филип е следниот предизвикувач за големиот Усик. За потсетување, Украинецот летоска по втор пат го победи Британецот Ентони Џошуа и ја одбрани титулата.
-Само што добив писмена наредба од ИБФ за шампионот Олександр Усик, тој треба да се бори со предизвикувачот Филип Хрговиќ во следната борба. Одиме!“, ја објави Херн одличната вест за најдобриот хрватски боксер.
Хрговиќ актуелниот последен настап го имаше во осмиот месец од оваа година и во таа прилика со судиска одлука го совлада Кинезот Џанг Жеили.
Но, со оваа одлука или наредба на ИБФ упатена до Усика, со која Хрговиќ беше поставен за задолжителен следен противник, пропадна комбинацијата за која многу се пишуваше и зборуваше во боксерскиот свет, за мечот меѓу Усик и Тајсон Фјури.
Таа борба стануваше се помалку веројатна во моментот кога Фјури инсистираше да влезе во рингот до крајот на годината, на што Усик одговори дека нема намера да влезе меѓу јажињата пред првиот квартал од следната година. Треба да се спомене дека Филип Хрговиќ е првиот предизвикувач на Усик во ИБФ, но Украинецот има повеќе луѓе кои чекаат во ред- Даниел Дубоа (ВБА), потоа Џо Џојс (ВБО).
Последната задолжителна одбрана на титулата на ВБА во тешка категорија беше пред повеќе од 4 години во септември 2018 година, кога тогаш непоразениот Џошуа ја одбрани својата единствена титула во ВБА/ИБФ/ВБО со нокаут во 7-та рунда над Александар Повјеткин.