Македонија ја победи Данска во неверојатната кошаркарска драма во Гевгелија и остана лидер на табелата со максимални четири победи во Д групата.
Ти-Џеј Шортс кој го играше само вториот меч за македонската репрезентација е вистински јунак на исклучително тешката победа од 74:71 дури по продолженија.
Натурализираниот Американец со 33 поени беше извонреден, а не спаси од пораз во регуларниот дел кога на 14 секунди до крајот израмни на 64:64 и не доведе до продолженија.
И потоа продолжи блескаво, во дополнителните пет минути продолжи да го полни кошто на Данците и буквално не извлече од пораз.
И финишот на регуларниот дел и тој во продолженијата беа исклучително драматични, а Македонија избегна пораз, иако во текот на натпреварот имаше неколкупати и двоцигфрена негатива.
Данците водеа со 8 поени разлика на три минути до крајот на регуларниот дел, но Македонија на чудесен начин се врати и потоа и победи.
Ѓуровски постигна 11 поени со шест скока, а Војдан Стојановски помогна со 10 поени.
Данска ја победивме на драматичен начин и на гости кога Нено Димитријевиќ погоди тројка од огроман далечина за победа од 73:70.
Македонија е прва во Д групата со биласн од 4-0 и ќе игра за прво место уште два меча и двата на гости, со Словачка и со Норвешка.