Вардар договори две засилувања за наредната сезона

Македонскиот машки ракометен првак и поранешен двократен европски владател Вардар договори две засилувања за наредната сезона. Планот на „црвено-црните“ е да состават тим од македонски репрезентативци и неколку квалитетни странци за да можат да бидат конкурентни на меѓународната сцена кога очекуваат враќање на истата по годинашната елиминација од старнаа на ЕХФ.

Од наредната сезона дресот на Вардар ќе го носат Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов. Двајцата потпишаа двегодишни договори. Јагуриновски по две сезони се враќа во Варадар, а  Аларав прв пат ќе го облече дресот на поранешниот европски првак.

Треба да знаете
Последни објави