Годинава постигна 44 гола, а нема да игра на СП

Аргентинскиот фудбалски напаѓач Херман Кано блескаше оваа година во дресот на Флуминенсе, но и тоа не му беше доволно да избори место во репрезентацијата на Аргентина за настап на претстојниот Мундијал во Катар.

Кано, го собори рекордот на Нејмар и Габигол, кои постигнаа 43 гола во една година. Кано од почетокот на 2022 година постигна 44 гола, 26 во првенството на Бразил, со тоа што не постигна ниту еден гол од белата точка. Одличната форма на 34.годишниот напаѓач на Флуминенсе не беше доволна да добие покана за настап во дресот на „гаучосите“.

Рекордот по бројот на голови за играчи од бразилските клубови го држеа Нејмар, како играч на Сантос во 2012 година и Габигол, кој во 2019 година постигна исто толку голови како фудбалер на Фламенго.

Аргентинецот до оваа импресивна бројка на голови дојде на 68 натпревари. Во светот, во 2022 година подобар од него е само Килијан Мбапе. Напаѓачот на ПСЖ оваа година постигна 47 гола.

Треба да знаете
Последни објави