Норвежанките први во полуфинале по фантастичната победа над Словенија

Норвешка е првата репрезентација која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство во ракомет, откако во многу интересен меч стигнаа до 26:23 (16:15) победа над домаќинот Словенија, кршејќи го отпорот во последните минути од мечот.

Во одличното прво полувреме, Словенките имаа предност од 6:3, предводени од одличната голманка Амра Панџиќ, но Норвешка успеа да стигне до предност од еден гол пред паузата (16:15). И во второто полувреме, Норвешка не успеа да се одвои и на четири минути пред крајот беше израмнето (23:23), по што со одлична одбрана успеаја да стигнат до победа.

Хени Реистад беше во одлична форма за актуелните шампионки со 10 гола, Нора Морк додаде шест, додека за Словенија, Ана Грос беше „сопрена“ на само пет гола. Словенките остануват во игра за полуфинале, но сега мора на чекаат на „кикс“ на Данска.

Треба да знаете
Последни објави