ПСЖ е подготвен да го купи Сон за 80 милиони евра

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Сон Хеунг-Мин може да ја продолжи кариерата во редовите на францускиот Пари Сен-Жермен. Парижаните се подготвени да платат 80 милиони евра за трансфер на 30-годишниот фудбалер.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи е заинтересиран за ангажман на Сон. Тој планира да се сретне со играчот за време на Светското првенство во Катар.

Според „Ел Национал”, Сон нема да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува во 2025 година.

Претходно британските медиуми објавија дека за играчот е заинтересиран и Реал Мадрид.

Во тековната сезона Кореецот одигра 19 натпревари на кои постигна пет гола и две асистенции.

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 70 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави