Интервјуто на еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо со новинарот Пирс Морган, во кое отворено порача дека не го почитува тренерот на Манчестер јунајтед Тен Хаг затоа што тој не го почитува него, предизвика бура од реакции. Португалецот чија играчка кариера е пред крајот покрај за Тен Хаг зборуваше и за тренерите од минатата сезона, Ралф Рангник и Оле-Гунар Солскјаер.
-Ако не си тренер, како ќе бидеш шеф на Манчестер јунајтед? Никогаш не сум ни слушнал за Рангник.
Роналдо не му остана должен и на некогашниот сооиграч Вејн Руни кој честопати знае да го стави на тапет.
-Не знам зошто Вејн ме критикува толку. Можеби бидејќи ја заврши кариерата, а јас уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам подобро од него, иако е така, изјави Роналдо.
За своето враќање на „Олд Трафорд“, Роналдо има свое гледање.
-Јунајтед ме изневери, ме направија црна овца. Се обидуваат практично да ме исфрлат од тимот. Не само менаџерот, туку сите околу клубот. Се чувствувам изневерено, како некои луѓе да не ме сакаат во клубот не само сега, туку и минатата сезона“, вели Роналдо во интервјуто со новинарот Пирс Морган, кое ќе биде објавено во „Сан“.