Андреј Рубљов имаше совршено отварање на АТП финалето, откако во руското дерби против Данил Медведев се врати од сет негатива за драматична 6:7(7)/6:3/7:6(6) победа во првиот меч од „Црвената група“, во која вечерва играат и Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.
Добивај вести на вибер
Рубљов имаше 5:2 предност во првиот сет, губејќи само два поени на својсервис, но наместо тоа загуби брејк, дозволувајќи му на Медведев да се врати во игра и потоа во тај-брејкот да поведе, откако Рубљов пропушти 6:2 водство. Во вториот сет, Рубљов немаше вакви проблеми и со два брејка стигна до израмнување.
Вистинската драма се случуваше во последниот сет, каде што двајцата останаа сигурни на свој сервис и примораа тај-брејк. Тука, Рубљов повторно поведе со 6:3, но Меведев прво спаси четири меч-топки, пред во најдолгиот гем од мечот, Рубљов конечно да победи.
Рубљов, кој и во минатото беше еден од ретките руски спортисти кои бараа мир во Украина, на крајот на мечот напиша порака на камерита: „Мир
Во среда, Рубљов ќе се сретне со Циципас, додека Медведев игра со Ѓоковиќ.