Стојковиќ: Митровиќ, ако треба, и со една нога ќе оди на мундијалот во Катар

Ако треба и со една нога, ако треба и „за глава ќе го скратиме”, но Александар Митровиќ, ќе оди на мундијалот во Катар, објави денеска селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ.

-Слушнав дека е со патерици – јас не сум го видел. Него и за глава да го скратиме, тој ќе оди на мундијалот. Ние до вечерва имаме можност за измени во составот, се сомневам дека до тоа ќе дојде, но велам, Митровиќ и со една нога ќе оди, рече Стојковиќ на денешната прес-конференција во тренинг кампот на репрезентацијата во Стара Пазова.

Најдобриот стрелец во редовите на Србија се повреди пред еден месец во натпревар на неговиот премиерлигашки тим Фулам против Њукасл.

-Митровиќ со своето однесување, игрите менталитет, па и повредите кои ги имаше, го заслужи Катар, порача српскиот селектор.

Србија го отвора Мундијалот против Бразил.

Треба да знаете
Последни објави