Љорис: Има преголем притисок на фудбалерите да протестираат во Катар

Капитенот на француската репрезентација, голманот на Тотенхем, Иго Љорис смета дека има преголем притисок кон фудбалерите да протестираат за време на Светското првенство во Катар. Домаќинот на Мундијалот е под постојан притисок за третманот на имигрантите, рестриктивните закони за ЛГБТ заедницата и лошата репутација за човековите права, но ФИФА неодамна побара од учесниците да се „воздржт“ од политички теми и да се фокусираат на фудбалот и Љорис се согласува.

„Искрено, се согласувам со ФИФА. Има преголем притисок кон фудбалерите. Ние сме на дното на синџирот на исхрана. Ако веќе треба да има притисок, тоа требаше да се направи пред 10 години. Сега е предоцна. Морате да сфатите дека ваква шанса се случува еднаш на четири години за секој фудбалер и сите сакаат да успеат. Фокусот мора да биде на тоа што се случува на теренот. Другото е на политичарите. Ние сме спортисти“, вели Љорис.

Франција, како актуелен шампион, ја почнува одбраната на титулата во групата Д со Австралија, Тунис и Данска.

Треба да знаете
Последни објави