Изминатиот викенд, скопјани имаа можност да се почувствуваат како во Италија: вкусна италијанска храна, добра забава, дружење и италијанска музика. Фестивалот на италијанска храна го отвори Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри, а за доброто расположение се погрижи Сашко Коцев кој до солзи ја насмеа публиката со своите шеги.
Учесниците на Фестивалот, ТАВЕРНА ТОСКАНА, ЛА ТЕРАЦА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ПАСТА, ИТА БРЕНД, БИРА МОРЕТИ и МАТТО НАПОЛЕТАНО се претставија со својата најдобра понуда на италијанска храна: паста, пици, сирења и сувомеснати производи, вина, пива, кафе и слатки.
Публиката пееше и танцуваше на заедно со музичките групи БОНА ДЕА и НИКС, кои се претставија со најпознатите италијански евергрини.
Најсреќните 40тина посетители беа извлечени на лотаријата и добија вредни награди од спонзорите: COIN CASA, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ПАСТА, ИТА БРЕНД, БИРА МОРЕТИ.