Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен ќе стане прв клуб во историјата што на претстојното Светско првенство во Катар ќе имаат дури 17 свои играчи во националните селекции.
Баерн го собори рекордот на Манчестер сити, кој пред четири години на мундијалот во Русија имаше 16 играчи во репрезентациите.
За германската репрезентација ќе настапат седум играчи на Баерн – Мануел Нојер, Џошуа Кимик, Леон Горецка, Серж Гнабри, Томас Милер, Џамал Мусиала и Лирој Сане.
Баерн во редовите на Франција ќе има четири претставници – Дајот Упамекано, Бенџамин Павар, Кингсли Коман и Лукас Хернандез.
Баерн на мундијалот во Катар ќе го претставуваат и Јосип Станишиќ (Хрватска), Ерик Максим Чупо – Мотинг (Камерун), Нусаир Мазрауи (Мароко), Садио Мане (Сенегал), Матијас де Лихт (Холандија) и Алфонсо Дејвис (Канада).