Кристијано Роналдо крена огромна прашина со своето интервју, во кое јавно изјави дека во Манчестер Јунајтед е „персона нон грата“. Имено, Португалецот кажа дека тренерот Ерик Тен Хаг, неколку фудбалери и дел од челниците сакаат да го избркаат од клубот.
Поради тоа, Роналдо ќе добие казна од Јунајтед, меѓутоа многу веројатно и нова средина веќе во јануари.
Откако летово сагата заврши со „среќен крај“ и играчот подоцна се приклучи на подготовките, веројатно веќе „пукна“ во односот на двете страни.
Според пишувањата на „ЕСПН“, ниту тренерот Тен Хаг повеќе не го сака Роналдо во својот тим.
-Тен Хаг лично го соопштил својот став до челниците на клубот. Тој поради состанокот со нив го одложи својот личен одмор. Играчите на Манчестер Јунајтед се бесни на Роналдо, а клубот размислува како да постапи во согласност со законите и правилата. Тен Хаг сака Роналдо да го напушти клубот веќе во јануари, бидејќи Португалецот со овој потег сакал да го разбие единството во тимот, напиша угледниот медиум.
Иако Роналдо има договор со Јунајтед до јуни, сепак се очекува да замине многу бргу. Веројатно веќе и самиот тој со својот агент Жорж Мендеш бара нова средина, клуб кој ќе биде спремен да ги задоволи неговите барања.
Се шпекулира дека Португалецот тајно преговара со Баерн.