Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал продолжи со лошите резултати на Завршниот турнир во Торино, откако денеска загуби од талентираниот Феликс Оже-Алиасим со 3-6 и 4-6.
Долго траеше борбата во првиот сет, па девет гема се играа цели 53 минути, а Шпанецот испушти неколку шанси по што стигна казната од Канаѓанецот (6-3).
Оле-Ажиасим направи брејк уште во раната фаза од вториот сет, а Надал имаше шанси да се врати и да израмни на 3-3, но не успеа, па тенисерот од Канада набрзо стигна до 6-4.
Математички Надал и натаму може да се надева на полуфинале. Сепак, треба да добие огромна услуга од Тејлор Фриц кој би морал да ги добие дуелите со Каспер Руд и Оже-Алијасим со по 2-0, а потоа шпанскиот ас да слави во последното коло со Норвежанецот убедливо. Сепак, тоа е малку веројатно и големи се шансите Надал да испадне во групите, што ќе го остави Карлос Алкараз на челната позиција на крајот на годината.