Спортот треба да е достапен за сите, особено за децата! Затоа Hesed – International Children and Youth Organization и Центарот за боречки спортови Работнички Аодра прават значаен чекор за спортот биде достапен за сите деца, а на нас останува да ги поддржиме и да го дадеме својот придонес во оваа кауза.
Во петок 18. Ноември со почеток од 20:00 часот во Equilibrium Day&Night ќе се одржи хуманитарен настан, ПЕЕМЕ ЗА FIT KIDS, кој има за цел да собере средства и да се помогне реализацијата на проектот кој се стреми да им го направи спортот достапен за децата од социјален ризик, а на истиот ќе настапат Игор Џамбазов, Дани Димитровска, Адриан Азири, Plan G Band, Марија Новак.
Идејата на овој проект е да го направи спортот достапен за сите, односно развој на здрави социјални, друштвени и психофизички спортски навики кај децата и младинците, ставајќи акцент на инклузивноста на деца во социјален ризик (старателски семејства), со деца од биолошки семејства и од различни националности.
Билетите се достапни преку продажната мрежа на mktikets, онлајн на – линк –
И во Центарот за боречки спортови Работнички Адора, секој работен ден од 18:00 до 20:00 часот.
Малите чекори можат да го направат светот поубаво место за живеење, а ние сме сигурни дека овој проект ќе биде позитивна промена која ќе смени нечиј живот, па така ајде сите да дадеме мал придонес за нечија насмевка!
Линк за билети:
социјални мрежи:
https://www.facebook.com/icyohesed
https://instagram.com/rabotnickiadora