Поранешниот селектор на Србија Александар Ѓорѓевиќ, ја прифати понудата да ја предводи селекцијата на Кина.
Ѓорѓевиќ ќе има годишна плата од 1 милион долари за работата со кинеската репрезентација, а следната година на Кинезите им претстои настап на Светското првенство, кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.
На клупата кај Србија Ѓорѓевиќ последен пат беше во 2019 година, токму во Кина. Последен клупски ангажман му беше во Фенербахче, но си замина летоска и имаше шпекулации дека ќе го преземе славниот Реал Мадрид.