Светските првенства во фудбал се одржуваат од 1930 година. Во историјата се одиграни 21 Мундијал. Доколку се направи збирна табела со сите репрезентации кои некогаш учествувале, при тоа во овој рејтинг се доделуваат три бода за победа, еден за нерешено и за натпреварите кои завршувале со изведување пенали и нула за пораз.
На таквата табела лидер е репрезентацијата на Бразил, пред Германија и Италија. Воедно, Бразил е единствената репрезентација која не пропуштила ниту еден турнир.
Табела на првите десет репрезентации:
1. Бразил 237 бода од 109 натпревари
2. Германија 221 бод 109 натпревари
3. Италија 156 бода 83 натпревари
4. Аргентина 144 бодови 81 натпревар
5. Франција 115 бода 66 натпревари
6. Англија 108 бодови 69 натпревари
7. Шпанија 105 бода 63 натпревари
8. Холандија 93 бода 50 натпревари
9. Уругвај 84 бода 56 натпревари
10. Шведска 70 бода 51 натпревар.
Досега на фудбалските Мундијали учествувале 82 репрезентации, вбројувајќи ги и веќе непостоечките СФР Југославија, Чехословачка, СССР и Холандска Индија. Десет од нив на сите натпревари што ги играле биле поразени, а 19 немаат победа.
Светското првенство 2022 ќе се игра во Катар од 20 ноември до 18 декември.