Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија Луј ван Гал ги откри своите размислувања за одлуката на навивачите да го бојкотираат Светското првенство во Катар во 2022 година.
Тој смета дека навивачите постапуваат правилно со тоа што го искажуваат своето мислење на ваков начин.
– Мислам дека навивачите кои го бојкотираат Светското првенство во Катар се во право бидејќи веруваат во тоа. Не гледам проблем. Се надевам дека ќе можеме да играме магично и кога ќе стигнеме до финалето, тие ќе го гледаат натпреварот на ТВ и ќе видат колку сме добри, изјави Ван Гал за „Франс прес”.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Репрезентацијата на Холандија ќе игра во групата против Катар, Еквадор и Сенегал.