Вашите алишта избледеле: Еве како да ја вратите бојата на облеката

Како на омиленото парче облека, кое со текот на времето ја изгубило својата боја од носење и перење, можеме да му го вратиме првобитниот изглед и сјај?

Денеска ви носиме неколку корисни совети за овој проблем со кој сите се соочуваме.

Вашите фармерки ќе изгледаат речиси како нови, ако во машината за алишта за време на последното плакнење ставете две шолји кафе во зрно.

Ако не сте во можност да ја запрете програмата за перење, проверете дали може кафето да го додадете во делот за омекнувачот.

Не треба да стравувате дека вашата темна облека после перење ќе мириса на кафе, а ако немате кафе во зрно, ќе ви помогне и филтер кесичка за чај. Па, што ви преостанува друго освен да го пробате овој стар, но не толку познат трик?

Треба да знаете
Последни објави