Екипата на Далас ја доби драматичната завршница со ЛА Клиперс (103:101) во кошаркарската НБА-лига. Најзаслужен за ваквиот расплет беше словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ и тоа не само поради конечниот ефект од 35 поени и 11 скока туку и поради постигнататата решавачка тројка на триесетина секунди до крајот со која му донесе на својот тим водство со четири поени (102:98).
LUKA MAGIC FOR THREE ????
Mavs lead by 4 with 27 seconds remaining. Watch live on the NBA App!
???? https://t.co/1pomQZN8Pi pic.twitter.com/c41GGPDnCO
— NBA (@NBA) November 16, 2022
Прецизниот шут на Дончиќ за три поени предизвика еуфорија во салата во која буквално сите скокнаа од радост, а коментаторот на крајот само констатира : „Само Дончиќ може да направи вакво нешто!“
Сакраменто го победи Бруклин во меч на кој постигна 153 поени. Кингс беа подобри со резултат 153:121. Теренс Дејвси беше прво име кај победникот додека кај поразените Дурант го заврши мечот со 27 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Мемфис 113:102, Јута – Њујорк 111:118, Портланд : Сан Антонио 117:110, Сакраменто – Бруклин 153:121, Далас – Клиперси 103:101.