Синдикатот за елитни и професионални судии во Франција рано утрово излезе со шокантно соопштение, преку кое ја извести јавноста за прерана и ненадејна смрт на познатиот арбитар кој беше редовен член од Лига 1.
Оваа шокантна и трагична вест ја потресе цела француска јавност, особено поради фактот што Хамел беше во врвна форма и последниот меч во Лига 1 го судеше на 6-ти октомври.
За жал, како последен меч во неговата осумгодишна кариера во Лига 1 се покажа оној меѓу Лил и Рен кој се одигра пред точно 10 дена во најсилната француска фудбалска лига, додека изминатиот викенд беше помошник судија во ВАР собата на мечот меѓу ПСЖ и Оксер.
Сите најголеми француски клубови со огромно жалење ја пренесоа шокантната вест и испраќаат поддршка и сочувство до семејството на младиот судија.