Почетокот на Светското фудбалско првенство (СП) во Катар ќе биде за чењтири дена, а љубителите на најважната споредна работа на светот со нетрпение го чекаат настанот кој за првпат ќе се игра во „зимски термин“. Дел од наидобрите фудбалери ќе мораат да го гледаат овој светски собир на телевизија.
Причините се најјразлични што сите ѕвезди нема да бидат на едно место во Катар. Некои од нив се повредија, некои не добија повик, а некои не обезбедија пласман низ квалификациите со своите национални тимови.
Од играчите кои ќе го прескокнат Мундијалот во Катар составен е тим кој изгледа застрашувачки:
Голман: Давид Де Хеа (Шпанија)
Одбрана: Серхио Рамос (Шпанија)
Одбрана: Фикајо Томори (Англија)
Одбрана: Матс Хумелс (Германија)
Среден ред: Тиаго (Шпанија)
Среден ред: Нголо Канте (Франција)
Среден ред: Пол Погба (Франција)
Среден ред: Диого Жота (Португалија)
Напад: Мохамед Салах (Египет)
Напад: Роберто Фирмино (Бразил)
Напад:Ерлинг Халанд (Норвешка)