Како што стојат работите, Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од Манчестер Јунајтед по шокантното интервју кај Пирс Морган.
Во интервјуто Роналдо отворено зборуваше дека не го почитува менаџерот Ерик Тен Хаг и ги нападна сопствениците на клубот. Манчестер Јунајтед официјално излезе само со кратко соопштение во кое порача дека ја следи ситуацијата, а за дополнителни санкции ќе се одлучува во наредниот период.
Сепак, денешниот потег на клубот од „Олд Трафорд“ покажува дека доаѓа крајот на „љубовта“ помеѓу Роналдо и „црвените ѓаволи“. На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како се отстранува неговиот постер пред „Олд Трафорд“.
Retiran a @Cristiano Ronaldo de Old Trafford
Como dijo @piersmorgan se está estableciendo un récord, incluso si a la gente no le gusta escuchar la verdad#CR7???? #CristianoRonaldo #Ronaldo #VIVARONALDO #MUFC #GOAT???? #Bicho #CR700???? #CRISWIN #RESPECTCR7 #ronaldointerview pic.twitter.com/40QRSoN0FM
— Elia Maria VL ???? (@eliamvl1) November 16, 2022