Манчини: Заслуживме да сме дел од СП, но своите шанси ги пропуштивме

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјави денеска оти и натаму е разочаран поради тоа што Азурите нема да настапат на Светското првенство, што в недела почнува во Катар.

Италија е актуелен европски првак, а на патот до Мундијалот 2022 беше запрена од македонската репрезентација со шокантен пораз во март годинава во Палермо.

-Ова ќе биде тежок месец за нас. Само што почна. Чувствуваме горчина во овој момент, но натпреварите мораат да се играат. Се чувствувам лошо уште од март. Тоа е фудбалот. После голема среќа, доаѓа големо разочарување и ние тука ништо не можеме да смениме. СП без Италија е поинакво, рече Манчини.

Додека земјите учеснички на мундијалот во Катар се во завршна фаза од подготовките, Италија вечерва во Тирана ќе игра пријателски натпревар против Албанија.

Треба да знаете
Последни објави