Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси проговори за можен крај на својата играчка кариера.
– Ја сакам оваа игра, имам големо задоволство од неа. Единственото нешто што го правам цел живот е да играм фудбал. Мислам дека по крајот на кариерата мојот живот ќе биде поврзан со овој спорт. Кога ќе заминам? Сè уште не знам, но веројатно нема да играм долго време, изјави 35-годишниот фудбалер за „Мундо Депортиво”.
Актуелниот договор на Аргентинецот со ПСЖ е до летото 2023 година.
Меси е шампион на Франција и 10-кратен шампион на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е седумкратен освојувач на Златната топка и шесткратен добитник на Златната копачка.