Само двајца фудбалери од руското првенство, хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен и камерунскиот крилен напаѓач Моуми Нгамале, ќе настапат на претстојното Светско првенство во Катар.
Ловрен ја носи капитенската лента во тимот на Зенит од Санкт Петерсбург, која доминира во руската лига, но 33-годишниот стопер не се очекува да биде во стартите 11 за Хрватска во Катар.
Вториот претставник од руското првенство на Мундијалот 2022 е 28-годишниот Моуми, кој доаѓа од Динамо Москва, а беше стартер во составот на Камерун на шест од седумте натпревари на Африканскиот куп на нации 2021.
Останатите играчи од руската лига, кои се надеваа дела ќе настапат во Катар, како бразилските олимписки прваци Малком и Клаудињо или Квинси Промес од Холандија се исклучени со одлуки на селекторите или поради судиски и политички причини.