Селекторот на катарската фудбалска репрезентација Феликс Санчез зрачи со оптимизам пред дебитантскиот настап на неговата екипа на Светското првенство на кое ќе бидат домаќини.
– Беше тешко замисливо дека во 2019 година ќе го освои Азиското првенство, но го направивме тоа. Не велам дека ќе бидеме светски прваци, целта ни е да се натпреваруваме на највисоко ниво, изјави денеска 46-годишниот Санчез.
Мундијалот в недела ќе биде отворен со дуелот меѓу Катар и Еквадор.
Во репрезентацијата на Катар нема ниту еден фудбалер со меѓународно искуство, бидејќи сите играчи настапуваат во катарската лига.