Шест фудбалски судијки за прв пат во историјата ќе бидат дел од судискиот колектив за претстојното Светско првенство 2022 во Катар.
Помеѓу 36-те главни судии се избрани Стефани Фрапарт од Франција, Јамашита Јошими од Јапонија и Салима Мукансанга од Руандa.
Неуза Бек од Бразил, Мексиканката Карен Дијаз Медина и Американката Кетрин Несбит се помеѓу 69-те асистенти.
Годинешното Светско првенство во фудбал започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.