Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ потврди денеска дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да настапи на првиот Грен – слем турнир идната година, Австралија опен во јануари 2023.
Ѓоковиќ оваа година не може да ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, откако беше депортиран бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.
-Навистина ме израдува веста што ја добив вчера. Јасно е дека тоа е големо олеснување ако се знае низ што сè јас и моите најблиски минавме на почетокот на оваа година, изјави Ѓоковиќ, откако попладнево го совлада Андреј Рубљов на АТП финалниот турнир во Торино и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето на завршницата.
Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.