Мушмулите, некогаш многу популарни на нашите простори, денес се речиси заборавени. Се работи за лековито овошје кое благотворно делува на целиот организам.
Богати се со витамин Ц, калиум, калциум, железо и витамин Б, па најдобро е да ги измиете, пресечете и јадете свежи.
Освен што е вкусна, мушмулата е и лековита и здрава:
Создава хемоглобин
Железото е витален дел од хемоглобинот кој помага во создавањето на кислород, а потребен е и дополнителен хемоглобин бидејќи губиме крв поради надворешни или внатрешни повреди.
Мускулна функција
Железото кое се наоѓа во мушмулите е неопходно за одржување на здрави мускули, бидејќи без железо, мускулите ја губат еластичноста и тонусот.
Го чува здравјето на мозокот
Мозокот користи 20% кислород, а мушмулите помагаат во неговото снабдување.
Помага во регулирање на телесната температура
Мушмулите помагаат во регулирањето на телесната температура, што значи дека метаболичките функции и ензимските функции се случуваат при оптимални температури и опкружување.
Помага при анемија
Анемијата е предизвикана од недостаток на железо во организмот, а мушмулата помага во заздравувањето.
Го намалува заморот
Помагаат во ублажување на замор кај мажите и жените и со дневен внес му помагаат на телото да остане здраво и енергично во текот на денот.
Го зајакнува имунитетот
Мушмулата му помага на телото да се бори против разни инфекции и болести.
Крвните клетки се од витално значење за обезбедување на кислород до ткивата, оштетените органи и клетки, па затоа редовното внесување на мушмула помага да се зајакне одбранбениот механизам на телото.