Гана ја шокира Швајцарија во генералната проба пред СП

Фудбалерите на Швајцарија претрпеа шокантен пораз од Гана во генералната проба пред Светското првенство во Катар.
Гана во Абу Даби ја победи Швајцарија со 2:0

Швајцарскиот селектор Мурат Јакин со најсилниот состав го почна натпреварот, меѓутоа неговите избраници не најдоа решение за играта на Гана.

Гана имаше дури шест удари кон голот на Јан Зомер, а Швајцарците не упатија ниту еден удар кон голот на Ати Зиги.

Головите за африканската репрезентација ги постигнаа Салису во 70. минута и Семенхо во 74. минута.

Светското првенство почнува в недела на 20 ноември, а Швајцарија во Г-групата ќе игра против Камерун, Бразил и Србија. Гана е во групата Х со Португалија, Јужна Кореја и Уругвај.

Треба да знаете
Последни објави