Тренерот на Барселона Шарунас Јасикевичијус го испрати српскиот репрезентативец Никола Калиниќ во соблекувалната откако двајцата влегоа во жестока дискусија во третата четвртина од мечот од Евролигата против европскиот првак Ефес.
Литванецот одамна е познат по својот незгоден темперамент, а двајцата почнаа спорадично да разменуваат обвинувања по една одбрана на шпанскиот тим.
Според тренерот на Барселона, Србинот не играл добро во одбраната и бил незадоволен од напорите на Калиниќ во тој напад.
Според тренерот на Барселона, Србинот не играл добро во одбраната и Шарас бил незадоволен од напорите на Калиниќ во тој напад. Кошаркарот сакал да ја продолжи расправијата, но литванскиот тренер само му мавнал со раката да оди во соблекувалната.
Калиниќ не ја послуша веднаш наредбата на Јасикевичиус, но тренерот повторно му пријде и беше експлицитен дека нема да се откаже од првичната одлука.
На крајот Ефес победи со резултат 96:86. Бранителот на титулата до победата ги предводеше Вил Клејберн со 24 поени, два помалку уфрли српскиот репрезентативец Василије Мициќ со три скока и пет асистенции за 22 минути минати на паркетот.
Nikola Kalinic leaving the bench after an argument with Sarunas Jasikevicius ???? pic.twitter.com/0rf3uFWOEG
— BasketNews (@BasketNews_com) November 17, 2022
Кај Барселона најефикасен на натпреварот беше Никола Лапровитола со 28 поени, Санли додаде 16, а Хигинс 14 поени. Иако мораше порано да го напушти паркетот, Калиниќ мечот го заврши со двоцифрен учинок, бидејќи постигна 10 поени.