(Видео) И 50 поени на Кари не беа доволни Голден стејт да избегне пораз на гостувањето во Аризона

Актуелниот кошаркарски шампион во најсилната лига на светото – НБА, Голден стејт е поразен на гостувањето во Аризона кај Феникс (130:119). Ова е деветти пораз во 15 меча од новата сезона. Стеф Кари одигра беспрекорна поентерска партија и заврши со 50 постигнати коѓеви, но и тие не му беа доволни на Голден стејт да го избегне поразот во Аризона. Ваквиот кош-гетерски скор, педесет и повеќе поени на еден меч за Кари е по десетти пат во кариерата., но немаше поддршка кај своите соиграчи на крајот тимот да победи.

Во победничкиот тим Феникс најефикасни беа Пејнсо 29, Букер со 27 и Бриџис со 23 поени.

Порази изминатата вечер претрпе и екипите на Далас и Девер кои во своите редови ги немаа кошаркарските ѕвезди од Балканот, Лука Дончиќ, односно Никола Јокиќ.  Далас го изгуби дербито во Тексас од Хјустон со 92:101. Дончиќ доби одмор за овој дуел, па без него Мавси изгубија од најлошата екипа на западната конференција. Никола Јокиќ поради болест го пропушти натпреварот на Денвер кој претрпе пораз од Њујорк Никс (103:106).

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Индијана – 113:125, Орландо – Минесота – 108:126, Вашингтон – Оклахома – 120:121, Атланта – Бостон – 101:126, Торонто – Мајами – 112:104. Милвоки – Кливленд – 113:98, Њу Орлеанс – Чикаго – 124:110, Далас – Хјустон – 92:101, Денвер – Њујорк – 103:106, Феникс – Голден Стејт – 130:119.

Треба да знаете
Последни објави