Хрватскиот машки ракометен шампион ППД Загреб соопшти дека Славко Голужа е (старо)нов тренер на тимот. За Голужа ова ќе биде трето седнување на жешката клупа кај шампиониот со кого потпишал догвор до крајот на оваа сезона.
Голужа на клупата кај ППД Загреб доаѓа како замена за Ивица Обрван, кој доби отказ по домашниот пораз од Динамо Букурешт во Лигата на шампионите.
-Тимот е составен од неколку искусни играчи кои поминале многу во ракометот, но и некои помлади кои штотуку ја започнуваат својата кариера. Моја задача е да создадам синергија и вистинска атмосфера. Сакам тимот да биде нашиот најдобар играч, изјави Голужа.
Новиот тренер на ППД Загреб своето деби ќе го има на 24.ноември против Веспрем.