Инфантино ќе биде реизбран за претседател на ФИФА, тој е единствен кандидат за изборите во 2023

Џани Инфантино е единствениот кој ја истакна својата кандидатура за следните претседателски избори на ФИФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.

Рокот за поднесување пријави за избори истече ноќта меѓу 16 и 17 ноември.

Така Инфантино, сигурно ќе биде реизбран на функцијата претседател на ФИФА, која ја извршува од 2016 година.

На последните избори во 2019 година, 52-годишниот функционер исто така беше единствениот кој ја истакна својата кандидатура.

Мандатот на претседателството на ФИФА е четири години.

Следните претседателски избори на ФИФА ќе се одржат на 16 март 2023 година на 73-от Конгрес на организацијата, кој ќе се одржи во Руанда.

Треба да знаете
Последни објави