Милевски со Несторовски ќе ја напаѓа Финска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски се одлучи на вечерашниот пријателски натпревар со Финска, во првите единаесетмина да го стави повратникот во националниот тим, Илија Несторовски.

Милевски мечот ќе го почне со: Димитриевски, Серафимов, Муслиу, Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски, Бејтулаи, Николов, Спировски и Несторовски.

Финска ќе истрча во следниот состав: Јоронен, Иванов, Тејлор, Лод, Антман, Лингман, Алхо, Олила, Поњанпало, Хосконен и Сухонен.

Натпреварот ќе се игра вечерва на Национална арена „Тодор Проески” во Скопје со почеток во 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави