По два разочарувачки порази за нова елиминација од АТП финалето, Рафаел Надал го крена своето ниво и стигна до 7:5/7:5 победа над својот добар пријател, Норвежанецот Каспер Руд за да ја заврши сезоната со победа по четирите порази во низа по крајот одд САД опен.
Надал загуби само шест гема против Руд во финалето на Ролан Гарос во јуни, но му беше многу потешко на хардкорт терените во Торино по повредите и губењето форма. Против Тејлор Фриц и Фелис Оже-Алијасим тој ги губеше клучните поени, но против Руд остана концентриран и загуби само 11 поени на свој прв сервис. Тој спаси две брејк-топи во првиот сет, по што му беше довеолен уште еден брејк во вториот сет за победа.
Руд, и покрај поразот, влегува во полуфиналето на турнирот, додека вечерва во директен дуел Оже-Алијасим и Фриц ќе се обидат да го „визираат“ второто место.