Роналдо поради гастритис ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Нигерија

Кристијано Роналдо поради здравствени причини ќе го пропушти првиот натпревар на Португалија пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Ова информација ја соопшти селекторот на португалскиот национален тим Фернандо Сантос.

– Тој нема да биде подготвен за утрешниот натпревар, се одмара. Како што знаете, гастритисот ги прави играчите физички слаби, рече Сантос.

Натпреварот Португалија – Нигерија ќе се игра вечер од 19:45 часот во Лисабон.

Португалија првиот натпревар на СП 2022 ќе го одигра на 24 ноември против Гана.

Треба да знаете
Последни објави