Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо во вториот дел од бомбастичното интервју со Пирс Морган изјави дека ќе стави крај на професионалната кариера ако со Португалија го освои Светското првенство во Катар.
Португалецот рече дека неговиот тим има шанса во Катар и верува дека може многу да придонесе во претстојните натпревари.
-Јас сум многу оптимист. Имаме фантастичен селектор и добра генерација играчи. Со нетрпение очекувам да бидам дел од фантастично Светско првенство. Нема да биде воопшто лесно, но се е можно. Одиме се натпреваруваме, вели Роналдо.
На прашањето дали ќе се пензионира доколку Португалија го освои Мундијалот, Роналдо одговори:
– Да, би се пензионирал, 100 отсто“.
Португалците на СП 2022 се наоѓаат во групата „Х“ со селекциите на Гана, Уругвај и Јужна Кореја.
Роналдо говори и за неговиот однос и мислење за најголемиот ривал, Лионел Меси.
Многумина сметаа дека Португалецот не може да го поднесе својот противник од Аргентина, но вистината е сосема спротивна.
-Секогаш сме се почитувале еден со друг. Меси е неверојатен фудбалер, магичен, најдобар. Ја делиме сцената 16 години, замислете дури 16 години. Имам одличен однос со него. Не сме пријатели во смисла да се дружиме, да се слушаме на телефон, да си одиме на гости, но тој ми е како соиграч, некој кого навистина го почитувам. И начинот на кој секогаш зборувал за мене, а дури и сопругите ни се почитуваат и двете се од Аргентина. За Меси можам да кажам само убави работи, тој направи многу за фудбалот, кажа Роналдо.
Морган го праша и доколку се исклучи себеси, дали смета дека Меси е најдобриот фудбалер. Роналдо одговори потврдно.
“The best player you’ve ever seen? Excluding yourself?”
Piers Morgan asks Cristiano Ronaldo his true feelings about Lionel Messi as a player and a person.
Watch live: https://t.co/ajbahBvQpp@cristiano | @piersmorgan | @TalkTV | #90MinutesWithRonaldo | #PMU pic.twitter.com/sj5q1VeuLs
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 17, 2022