Тенисерките на Вимблдон ќе бидат ослободени од правилото за носење на бела спортска опрема, односно ќе смеат да носат темна долна облека, објави Ол Ингланд клубот, организаторот на најславниот гренд слем турнир.
Ова доаѓа по разговорите со Женската тениска асоцијација (ВТА) по поплаките од тенисерките кои имаат менструални циклуси за време на натпреварувањето и сметаат дека кодот на облекување им пречи.
„Посветени сме за поддршка на тенисерите и сите нивни предлози како можат да го кренат нивото на натпреварувања. Жените и девојките на Вимблдон следната година ќе имаат опција носење на обоена долна облека, ако го изберат тоа“, вели извршната директорка на турнирот, Сели Болтон.