Џани Инфантино е единствениот кој ја истакна својата кандидатура за следните претседателски избори на ФИФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.
Рокот за поднесување пријави за избори истече ноќта меѓу 16 и 17 ноември.
Така Инфантино, сигурно ќе биде реизбран на функцијата претседател на ФИФА, која ја извршува од 2016 година.
На последните избори во 2019 година, 52-годишниот функционер исто така беше единствениот кој ја истакна својата кандидатура.
Мандатот на претседателството на ФИФА е четири години.
Следните претседателски избори на ФИФА ќе се одржат на 16 март 2023 година на 73-от Конгрес на организацијата, кој ќе се одржи во Руанда.