Македонската фудбалска репрезентацијата до 21 година денеска го одигра првиот контролен натпревар во Кипар против домашната селекција.
Во интересен натпревар со многу возбудувања и неискористени шанси македонските фудбалери и кипарскиот национален тим одиграа нерешено 1:1.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски може да жалат за пропуштената победа. Во 85. минута од мечот, Андреј Стојчевски имаше прилика да и донесе победа на Македонија, но не успеа да реализира удар од 11 метри.
Кипар дојдоа во водство со голот на Христодолу во 41. минута, изедначи Илиевски во 66. минута.
На 22 ноември, младата репрезентација на Македонија ќе го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Србија.