Кристијано Роналдо поради здравствени причини ќе го пропушти првиот натпревар на Португалија пред почетокот на Светското првенство во Катар.
Ова информација ја соопшти селекторот на португалскиот национален тим Фернандо Сантос.
– Тој нема да биде подготвен за утрешниот натпревар, се одмара. Како што знаете, гастритисот ги прави играчите физички слаби, рече Сантос.
Натпреварот Португалија – Нигерија ќе се игра вечер од 19:45 часот во Лисабон.
Португалија првиот натпревар на СП 2022 ќе го одигра на 24 ноември против Гана.