Репрезентациоите кои обезбедија настап на Светското фудбалско првенство во Катар, кое ќе стартува в недела, веќе пристигнуваат во земјата домаќин на Мундијалот. Меѓу селекциите кои пристигнаа е и државниот тим на Полска.
Меѓутоа токму пристигнувањето на оваа фудбалска експедиција го привлече вниманието затоа што леталото со кој репрезентацијата на Полска патуваше до Катар бил будно обезбедуван од борбени авиони. Од Фудбалскиот сојуз на Полска објаснија дека се одлучиле на ваков потег за да не дојде до некакви непријатности во текот на летот поради агресијата на Русија врз Украина. Фудбалерите и сите во стручниот штаб навремено биле известени дека летот ќе се одвива со засилени безбедносни мерки.
Poland’s football team were escorted by fighter jets as they flew out for the Qatar World Cup.
More here ???? https://t.co/jnsnif6IhQ pic.twitter.com/aNm42TmeCH
— Sky News (@SkyNews) November 18, 2022