Бруклин на гостувањето кај Портланд ја забележа најдраматичнната победа (109:107) на мечевите од кошаркарската НБА -лига кои се одиграа рано утрово. Бруклин кој имаше и 11 поени негатива во текот на натпреаврот на крајот стигна до триумфот со кошот на Ројс О’Нил постигнат пред звукот на сирената. Ројс мечот го заврши со трипл дабл од 11 поени, 10 скока и 11 асистенции, а најефикасен во редовите на Бруклин беше Дурент кој уфрли 35 поени.
Неочекувано, херој на Бруклин беше јапонскиот центар Ватанабе, кој ја одигра главната улога во серијата од 14-0 во финишот од третата четвртина, со која гостите се вратија од „минус 11“. Јапонецот продолжи да доминира и во последниот период, погодувајќи неколку значајни шутеви за голема победа на својот тим. Ватанабе го заврши натпреварот со 20 поени и седум скокови.
Ленард ги надмина проблемите со коленото и заигра во стартната петорка на ЛА Клиперс. Тимот од Лос Анџелес го победи Детроит Пистонс со 96:91, а Каваи играше 25 минути за кои постигна 6 поени со 5 скока и 4 асистенции.
Најконкретен беше плејмејкерот Џексон со 23 поени, кај поразените залуден беше ефектот на Богдановиќ од 26 поени.
Сакраменто беше подобар од Сан Антонио со 130:112 и ја продолжија победничката низа. Деарон Фокс даде 28 поени, а Малик Монк 26 поени и најавуваат дека после 16 години овојпат нема да го пропуштат плејофот и ќе го прекинат најдолгиот пост во американските професионални спортови.
Сакраменто тргна со четири порази, но сега е во серија од пет победи во НБА.